Имобиле се посрамоти во Неапол (видео)

Чиро Имобиле е кошмар за противниците во Калчо-лигата, но капитенот на Лацио не е подеднакво опасен кога станува збор за Купот на Италија.

Доказ за тоа е денешниот дуел во Неапол, на кој Имобиле се посрамоти во обидот да го израмни резултатот. Лацио доби оправдан пенал, но кога најдобриот стрелец на римскиот клуб се упати кон топката, се лизна непосредно пред шутот и таа заврши над гредата.

Останува да се види дали најдобриот фудбалер на „лацијалите“ ќе се „искупи“ со гол во натамошниот дел од мечот…

Се вчитува...