Имобиле со два гола ја „сруши“ Верона

Лацио го комплетираше 25.коло во Серија А со сигурна победа над Верона при конечни 2-0. Најдобриот стрелец во италијанското првенство, Чиро Имобиле, со два погодоци (вкупно 22 сезонава) во второто полувреме ја прекина серијата од три порази во низа на „лацијалите“ во домашниот шампионат, и донесе три бода со кои се искачуваат на четвртата позиција на табелата со 29 бода, преземајќи го местото на Интер.

По „мирното“ прво полувреме Имобиле се разбуди и за четири минути (56. и 60. минута) славеше два пати над аутсајдерот во оваа пресметка, а Лацио потоа немаше проблеми да го сочува сигурното водство.

Се вчитува...