„Импресиониран сум… Кирјос дефинитивно може да го освои Вимблдон“

Легендарниот германски тенисер, Борис Бекер говореше за контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос. Тие двајца минатото лето имаа голем конфликт кога Германецот го бранеше Новак Ѓоковиќ од нападите на младиот Австралиец.

Сепак, нивниот лош однос не го спречува Бекер да ја пофали играта на Кирјос на Австралија опен.

„Имавме недоразбирање во минатото, но морам да признаам дека сум импресиониран од неговиот став на теренот. Мечот против Тим беше еден од најдобрите во неговата кариера. И понатаму мислам дека има се што е потребно да се освои Вимблдон. Со таков сервис и силните удари се зависи од него“, изјави Бекер. 

 

Се вчитува...