Импресивна победа на ЛА Лејкерс, драма во Бостон (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс полека но сигурно излегуваат од краткотрајната криза, тотално ‘уништувајќи’ го Голден стејт во синоќешниот натпревар од НБА лигата.

Актуелните шампиони до втора едноподруго победа стигнаа со 117-91, предводени од Леброн Џејмс со 19 поени. Кај поразените се издвои Ерук Паскал со 18 постигнати поени.

Најдраматично беше на мечот меѓу Бостон и Вашингтон. Победникот беше одлучен на пет секунди пред крајот кога Џејсон Татум погоди за конечна победа на Бостон од 111-110.

Вашингтон во последната минута влезе со предност од пет поени, но на крајот загуби, токму поради Татум кој мечот го заврши со 31 поен. На спротивната страна Бред Бил постигна 46 поени, кој постави и негативен НБА рекорд како прв играч во историјата кој загубил на 11 меча по ред а на кои постигнувал повеќе од 40 поени.

Во останатите натпревари Шарлот со 126-127 славеше против Сакраменто, Феникс со 99-118 ја победи Минесота а Мемфис со 84-133 беше подобар на гостувањето против Хјустон. Мајами триумфираше со 109-99 против Атланта, Њујорк со 90-109 го победи Детроит а Милвоки на домашен терен славеше против ЛА Клиперс со 105-100.

Се вчитува...