Импресивно деби на РК Алкалоид – убедлив триумф над Металург РА

Екипата на Алкалоид имаше импресивно деби на македонската ракометна сцена откако попладнево лесно и убедливо го совлада Металург РА со 37-18 на стартот од новата прволигашка сезона.

Алкалоид е клуб што беше формиран во текот на летовои тргнува од најнискиот ранг на натпреварување, со јасно зацртана задача преку напорна работа со млади и талентирани играчи да обезбеди експресен влез во елитното друштво.

Денешниот дуел со Металург РА беше предзнак за успешна сезона, откако составот предводен од Љубомир Савевски уште на самиот почеток од средбата наметна темпо што остите не можеа да го следат. По десет минути игра Алкалоид веќе имаше убедливи 8-2, а на одмор се замина со уште двоцифрени 19-9. Во преостанатите 30 минути можеше да се проследи продолжување на доминацијата на ракометарите на Алкалоид, кои го завршија своето деби со победа од конечни 19 гола разлика.

Александар Стојков беше прв стрелец на РК Алкалоид со девет погодоци, седум постигна Кофиловски, а шест Тодески.

 

Се вчитува...