Тажна вест пристигнува од Битола, каде денеска почина Никола Богоевски, еден од најдобрите спортисти во историјата на „градот на конзулите“.
Информацијата ја потврди и ФК Пелистер, клубот во кој Богоевски мина огромен дел од кариерата, помагајќи му на овој тим да обезбеди влез во Втората лига на Југославија во сезоната 1974/75.
„Денес на 76-годишна возраст почина Никола Богоевски викан Бизонот еден од најдобри спортисти што ги имала Битола во својата историја. Богоевски беше фудбалска легенда со раскошен талент и физичка подготвеност, остави неизбришлива трага за историјата на ФК Пелистер.
Богоевски 14 години беше активен фудбалер во зелено- белиот дрес на ФК Пелистер. Во 1969 Богоевски беше младински југословенски првак во повеќебој, прогласен за најдобар спортист на Битола – 1969 година.
Погребот ќе биде во четврток 27ми август, во 12:00 часот во Старите светонеделски гробишта. Изложен ќе биде од 10 до 12 часот во капелата на црквата Св. Недела“, објави ФК Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
