ИН МЕМОРИАМ: Почина Александар Закоски – Гризли

По кратко боледување, како последица на коронавирусот, доцна вечерва на 65-годишна возраст почина поранешниот спортски директор на Вардар, Александар Закоски – Гризли.

Закоски е фудбалски работник кој засекогаш ќе остане запаметен како дел од раководството на Вардар во времето кога главен финансиер на клубот беше Слободан Брацо – Вујчиќ. Ќе остане запаметен како спортски директор во година на еден од најголемите успеси на црвено-црните во историјата, елиминацијата на ЦСКА Москва во квалификациите за Лигата на шампионите во 2003 година.

Во својата кариера беше дел и од раководството на Тетекс во годините на најголемите успеси на тетовскиот клуб.

Се вчитува...