ИН МЕМОРИАМ: Томислав Димовски – Бучки (1929 – 2019)

На 27. јануари 2019 година во Скопје почина бардот на македонската спортска фотографија Томислав Димовски – Бучки. Роден е во Скопје 1929 година, а љубовта кон спортот ја искажа како активен фудбалер во редовите на ФК Вардар, со чиј младински тим во 1949 година ја освои државната титула во СФРЈ.

Димовски фудбалската кариера ја заврши во Металец, а спортската страст не го напушти до крајот на животот што му овозможи преку фотографии да ги сочува од заборав голем број историски моменти на македонскиот спорт.

Во повеќедеценискиот творечки опус преку весниците „Нова Македонија“, „Скок“ и „Македонски спорт“ ги документира сите поважни политички и спортски настани за што е носител на повеќе награди и признанија.

Погрбот на Томислав Димовски – Бучки ќе се изврши утре, на 29. јануари, во 10:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

Се вчитува...