ИН МЕМОРИАМ: Владимир Михајловски – Папс

Македонскиот ракомет загуби уште еден спортски работник, откако на 73-годишна возраст почина Владимир Михајловски – Папс.

Популарниот Папс целиот свој живот го помина со Вардар, а кога тој беше дел од најтрофејниот македонски клуб тој ги освои и првите трофеи во првенството и купот на Македонија.

Михајловски е еден и од основачите на МРК Вардар, вториот тим на Вардар каде продефилираа многу млади играчи кои потоа продолжија во сениорскиот состав, а најголемиот дел од нив станаа и репрезентативци на Македонија.

Работеше и во репрезентацијата на Македонија каде беше дел од младинсата и сениорската репрезентација.

Се вчитува...