Борусија бара замена за Дембеле – Луан или Инаки Вилијамс

Борусија Дортмунд е во интензивна потрага по нов врвен офанзивен фудбалер што би го заменил Осман Дембеле, кој се наоѓа пред трансфер во Барселона. Според германските медиуми, на листата со желби на тренерот Бош се наоѓаат двајца млади и талентирани играчи, Луан од Гремио или Ињаки Вилијамс од Билбао. За репрезентативецот на Бразил најверојатно ќе треба да исплатат сума околу 30 милиони евра, додека за младиот Шпанец ќе бидат потребни околу 50 милиони евра.

Раководството на Бундеслигашот полека ја губи „битката“ за Осман Дембеле, кој со сите сили сака да го реализира трансферот во Барселона. Наводно, „милионерите“ прифатиле 100 милиони евра и 30 милиони евра во бонуси за да пуштат талентираниот офанзивец во Барса.

Тешка ќе биде и битката за задржување на Обамејанг, откако голгетерот од Габон пред неколку дена отворено изјави дека сака да се врати назад во Милан (клубот каде ја почна кариерата), за потоа поради „повреда на грбот“ да го напушти тренингот на својот тим.

Се вчитува...