Индекс: Динамо со Адеми е друга приказна, и во ваква ситуација е потребен на клубот

Динамо го победи Хајдук на „Пољуд“ и на голема врата се врати во игра за титулата во Хрватска. Му нанесе Динамо тежок удар на Хајдук во битката за титулата, и сега „модрите“ самите одлучуваат за својата судбина.

Хрватски „Индекс“ направи анализа во која вели дека клучна улога во битката за титулата ќе игра токму Адеми.

„Прашајте ги сите во клубот, од чистачката до самиот врв, ќе ви кажат дека Динамо со Адеми е друга приказна“, стои во написот на Индекс.

Динамо нема загубне ниту едно дерби со Адеми во составот, а единствен пораз запиша на гости кај Горица.

„И колку да не е оптимална ситуација, Адеми на теренот е преважен за Динамо, и тоа ќе ви каже секој играч. Со него Динамо изгледа посигурно“, стои во пишувањето на Индекс. 

Се вчитува...