Индија дочека злато, Чопра најдобар во фрлање копје

За првпат од 2008 година, Индија го освои олимпиското злато. Оваа земја денес сосема заслужено го слави фрлачот на копје Нераџа Чопра.

Чопра го освои златото фрлајќи копје од 87 метри и 58 сантиметри. Олимпиецот го имаше тој удар во второто фрлање, а веќе во првата серија, беше јасно дека Индиецот е подготвен за злато. Во тоа време, тој имаше растојание од 87 метри, три сантиметри. Нераџа водеше веднаш од тој момент и никој не успеа да стигне до неговата далечина.

Среброто и бронзата одат за Чешка. Јакуб Вадлеј беше втор со 86 метри и 67 сантиметри, додека Витеслав Весели беше трет со 85 метри и 44 сантиметри.

Чопра е спортист кој има само 23 години и го очекува голема иднина. Има злато од Азиските игри, Игрите на Комонвелтот, ја има и титулата азиски шампион, а во иднина ќе тргне во мисија и да стане светски шампион.

Се вчитува...