Индијана го замолкна „Медисон Сквер Гарден“ – Веќе се навестува првиот финалист во НБА (ВИДЕО)

Во вториот натпревар од финалето на Источната конференција во НБА лигата, Индијана Пејсерс славеа на гости кај Њујорк Никс со резултат 114-109 и со тоа стигнаа до водство од 2-0 во серијата.

Индијана со овој брејк веќе се на добар пат да се изборат за годинашното финале во НБА лигата, каде, од другата страна, на пат е и тимот на Оклахома.

Паскал Сиакам беше најефикасен за Пејсерс со 39 поени, а Тарнер постигна 16 поени. Тајрис Халибартон речиси стигна до „трипл-дабл“ учинок од 14 поени, 11 асистенции и осум скока.

Кај Никс, Брансон беше најдобар со 36 поени и 11 асистенции, а Мајкл Бриџис и Карл-Ентони Таунс додадоа по 20 поени.

Пејсерсите ќе ги играат следните два натпревари дома и по 25 години имаат одлична можност да стигнат до финалето на НБА.

Се вчитува...