Милвоки без Јанис Адетомупо успеа да ја одбрани предноста на домашен терен на почетокот на четвртфиналната серија против Индијана и поведе до 1-0 по триумфот од 109-94.
Лидер на Бакс беше Дамиен Лилард кој постигна 35 поени, 6 скокови и 3 асистенции, додека прво има кај Индијана беше Сијакам со далб-дабл од 36 поени и 13 скокови.
Предноста на домашен терен ја задржа и Оклахома која со 94-92 во драматична завршница славеше над Њу Орлеанс. Меколум имаше шанса со тројка во последните секунди да донесе „брејк“ за својот тим, но не беше успешен во обидот.
Гилџус-Александер со 28 поени, 6 скокови и 4 асистенции беше прво име кај Оклахома, додека со 21 поени, 4 скокови и 2 асистенции Марфи го предводеше Њу Орлеанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА