Инфантино не сака шпански фудбал во Америка

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е противник на идејата, натпревари од домашни првенства да се селат во други држави. Тој ова го објасни во контекст за планот на Ла Лига да пресели еден меч на почетокот од следната година во Мајами. Планираниот дуел е меѓу Џирона и Барселона. Клубовите веќе побараа дозвола од шпанската федерација мечот  да биде одигран во САД.

„Повеќе би сакал да гледам натпревар од МЛС – лигата во Мајами. Во фудбалот има едно генерално правило. Натпреварите од националните првенства ги играш дома, а не во друга земја“ – изјави Инфантино.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој го склучи договорот за преселба на шпански натпревари во САД, му одговори на Инфантино.

Да го потсетам претседателот на ФИФА дека во МЛС има три канадски екипи и дека Торонто е шампион на лигата“ – напиша Тебас на Твитер.

За да биде одигран натпреварот меѓу Џирона и Барселона во Мајами, согласност треба да дадат, шпанската и американската фудбалска федерација, УЕФА како и Унијата на Северна и Централна Америка и Карибите.

Пред одредено време, претедателот на шпанската федерација, Луис Рубиалес се изјасни против преселбата во САД. Реагираше и синдикатот на шпанските фудбалери со став дека преселба не може да има без согласност на играчите.

Договорот што е потпишан меѓу Ла Лига и медиумската компанија „Релавант“ е на 15 години и подразбира одигрување по еден натпревар во сезона од најсилната шпанска конкуренција на територијата на САД.

 

 

 

 

 

Се вчитува...