Инфантино: Постои носталгија за стариот „Сан Сиро“, но погледнете го „Вембли“

Италијанските гиганти Интер и Милан ги објавија плановите за рушење на „Сан Сиро“ и изградба на нов стадион наместо него. Реакциите околу одлуката се поделени кога во прашање е рушењето на стадионот. Организирани се и протести на граѓаните на Милано, а има негодување и од дел од локалните власти кои преферираат реконструкција на култниот стадион.

„Мора внимателно да ја следите ситуацијата. Постои носталгија за стариот „Сан Сиро“, но од друга страна, погледнете го „Вембли“. Тоа беше историска арена, но беше реконструирана и за неколку години стана уште покултна“, изјави Инфантино. 

Новиот стадион ќе биде со капацитет од 60.000 седишта, а неговата изградба ќе биде инспирирана од градската катедрала.

Се вчитува...