Инфантино сакаше привилегии како Доналд Трамп – Канаѓаните му рекоа да „брка работа“

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, побара да се однесуваат кон него како кон крал за време на неговиот престој во Канада. Тој, исто така, побара можност за запирање на сообраќајот додека поминува со неговата придружба, но канадските власти го одбија тоа барање.

Швајцарецот патуваше на годишниот конгрес на ФИФА во Ванкувер, но, според подкастот „Фудбал Рамбл“, тој сакаше посебни безбедносни привилегии.

„ФИФА побара придружба од четврто ниво за Инфантино во Ванкувер за време на годишниот конгрес одржан во мај. Тоа е ниво на заштита кое е само чекор под она на папата и вклучува можност за запирање на сообраќајот и поминување низ црвено светло. Таква придружба се користи и кога патува претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, пријател на шефот на светската фудбалска организација. Ова покажува какво мислење има за себе, како да е крал на фудбалот и спортот воопшто“, се наведува во подкастот.

Се вчитува...