Инфаркт драма со тажен крај за Црвена Звезда

Францускиот АСВЕЛ успеа да го преживее белградскиот пекол, откако по продолженија ја совлада Црвена Звезда со 72-74 во осмото коло од регуларниот дел во Евролигата.

Домаќините првите две четвртини ги добија со идентични два поени разлика што беа доволни за на полувреме да заминат со предност од плус четири 36-32. Во третиот повторно продолжи одличната игра во одбрана на двата тима, а по три четвртини резултатот на семафорот изнесуваше 54-47. Во последниот период на две минути до крајот гостите од Франција успеаја да се приближат на само минус два (65-63) и да го одведат натпреварот во неизвесна завршница. По минута ипол без поени, на 16 секунди до крајот на мечот беа досудени две слободни фрлања за Жан Чарлс кој успеа да ги искористи и да израмни на 65-65. До крајот вата тима не искористија по еден напад, а натпреварот замина во продолженија.

Во продолженијата се играше кош за кош, а на 27 секунди до крај донесе минимално водство за гостите од 72.73. Во последниот напад за Звезда топката ја загуби Лоренцо Браун, а Џекири успеа да реализира едно слободно фрлање за конечен триумф од 72-74.

Жан Чарлс со 20 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај Звезда се истакна Били Берон со 16 поени.

Се вчитува...