Ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс, Брендом Инграм е избран за кошаркар со најголем напредок сезонава во НБА лигата. Инграм беше „жртвуван“ од Лос Анџелес Лејкерс во „оф сезоната“ како би го добиле Ентони Дејвис, а младиот кошаркар покажа дека може да игра на одлично ниво.
Тој имаше одлична сезона во која во отсуство на Зајон Вилијамсон беше прва „ѕвезда“ во тимот на Пеликанс. Инграм сезонава просечно бележеше по 23,8 поени и 6,1 скок што е за скоро пет поени и еден скок по натпревар подобро од минатогодишниот учинок во ЛА.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА