Иниеста го пропушта второто „Ел Класико“

Барселона ќе биде ослабена за утрешниот реванш од Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид откако Андрес Иниеста поради повреда отпадна од комбинација за мечот на „Сантијаго Бернабеу“.

Каталонците ќе се обидат да направат чудо и да ја достигнат негативата од 1-3 од првиот меч од „Камп ноу“, а задачата ќе им биде уште потешка ако се знае дека Валверде нема да може да смета на Иниеста. Шпанскиот репрезентативец во последните десетина дена се жали на болка во мускулот, повреден играше на првиот меч, но откако денеска воопшто на тренираше со тимот беше обелоденето дека тој нема да биде во комбинација за настап на утрешниот реванш. Според каталонските медиуми, шанса во негово отсуство ќе добие Серхио Роберто.

Во тимот на Реал Мадрид во однос на првата средба во стартната екипа ќе се врати Лука Модриќ, а Зинедин Зидан на располагање ќе го нема Кристијано Роналдо, кој доби црвен картон на „Камп ноу“.

Се вчитува...