Иниеста на излезна врата од „Камп ноу“

Андрес Иниеста е разочаран од последните случувања во Барселона, па шпанскиот репрезентативец сериозно ја разгледува можноста за заминување од „Камп ноу“ уште во летниот преоден рок. Актуелниот договор на плејмејкерот истекува на крајот од оваа сезона, а двете страни се предалеку од продолжување на соработката, што го прави Иниеста многу близу до заминување, особено во ситуација кога Барса веќе го купи Паулињо како засилување за средниот ред, а каталонците се во офанзива и за Сери од Ница и за Кутињо од Ливерпул.

„Какви се шансите да си заминам од Барса? Реалноста е дека се уште не сум потпишал нов договор. Чувствувам многу работи за кои не сум помислувал порано, размислувам за ситуации кои пред три години не ми паѓале на памет“ – истакна Иниеста во интервју за весникот „Ел Паис“, најавувајќи дека е достапен за трансфер.

Јувентус се интересираше за шпанскиот ас уште на почетокот од летово и „старата дама“ сигурно ќе испрати понуда за неговите услуги, а се најавуваат и понуди од неколку англиски премиерлигаши.

Се вчитува...