Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, би можел кариерата да ја продолжи во Катар. Тој е подготвен да оди по стапките на Чави Хернандез, кој по заминувањето од „Камп Ноу“ се реши да го прифати катарскиот предизвик и е еден од амбасадорите на Светското првенство што во 2022 година ќе се одржи во оваа земја.
Иниеста минатата сезона почна да седи и на клупата за резервни фудбалери, бидејќи очигледно е дека има проблеми со физичката издржливост, а и повредите не го заобиколија. Но, јасно е дека по истекот на следната сезона тој најверојатно ќе ја напушти Барселона. Токму затоа и Катарците сакаат навреме да ги обезбедат неговите услуги и да го привлечат кариерата да ја продолжи во Ал Сад, чиј член е и Чави.
Договорот на Иниеста истекува во 2018 година, а одреден интерес за него покажуваат и Јувентус и Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА