Иниеста потврди: Си одам од Барса, срцето ми се кине

Веќе нема никакви дилеми, Андрес Иниеста става крај на својата „љубовна приказна“ со Барселона и на крајот од сезонава ќе се пресели во далечната Кина. Тајната беше откриена уште пред петнаесетина дена, шпанскиот репрезентативец со гол на финалето од Копа дел реј стигна до уште еден трофеј во дресот на Барселона, за денеска и официјално да ја соопшти својата одлука. Тој најпрвин околу 11 часот имал состанок со соиграчите и членовите на стручниот штаб, по што во 13.30 часот се појави пред новинарите.

„Долго размислував, ова ми е последна сезона во Барселона. За мене ова е најдобриот клуб во светот, тешко ми е да бидам тука пред вас и да се збогувам, откако го минав целиот живот го минав на Камп Ноу. Голем дел од она што сум човек е заслуга на Барселона. Благодарен сум заради тоа“, изјави Андрес Иниеста.

Иниеста е втората легенда на Барса, по екс-капитенот Чави, што решава да си замине од „Камп ноу“ пред да ја заврши својата кариера во каталонскиот гигант. Зад неговото име остануваат 18 успешни сезони во дресот на Барселона, над 700 натпревари на сениорско ниво, осум титули во Примера, четири трофеи во ЛШ…

Шпанскиот и европскиот фудбал остануваат без уште еден генијалец, а Барса ќе се соочи со „невозможна мисија“, да најде играч што ќе биде достојна замена за Иниеста.

Се вчитува...