Иниеста со совет за Шпанците: Не се обидувајте да го запрете Меси, тоа е невозможно

Андрес Иниеста е стрелец на историскиот гол што и ја донесе на Шпанија првата и единствена досега светска круна, а легендарниот плејмејкер има порака за актуелните репрезентативци на „црвената фурија“ во пресрет на утрешното финале со Аргентина – да не се фокусираат на Лео Меси и целосно неутрелизирање на најдобриот противнички фудбалер.

Според Иниеста, кој мина долги години крај Меси во Барселона, тоа е невозможна мисија и наместо да се обидат да го сторат тоа, Шпанците мора да настојуваат да го наметнат сопствениот стил на игра.

„Ако сакате да го исклучите Меси од мечот, да направите тој да не може да влијае, само ќе потрошите многу енергија, а нема да направите ништо. Не постојат зборови со кои може да се опише, посветеноста, решителноста со која влегува во секој меч, колку е позначаен натпреварот, толку е Лео подобар. Затоа, може само да му се симне капа. Шпанија не треба да размислува за него, туку на својата игра. Верувам во мојата репрезентација, верувам дека може да им се создадат сериозни проблеми на Аргентинците ако „црвената фурија“ заигра како што знае, ќе создава шанси и ќе знае да ги искористи“, истакна Иниеста.

Се вчитува...