Иницијатива на битолчани: Стадионот „Под Тумбе кафе“ да се преименува во Петар Милошевски

Група на граѓани и членовите на ветераните на ФК Пелистер поднесоа барање до општина Битола, за преименување на стадионот „Под Тумбе Кафе“ и да го добие името на легендарниот македонски голман Петар Милошевски.

Петар Милошевски трагично го загуби својот живот на 13. март 2014 година, а беше роден токму во Битола, па затоа граѓаните на овој град сакаат стадионот да го добие неговото име.

„Со вредностите, кариерата и своите човечки и спортски дела, нашиот Петар заслужува култниот стадион каде ги направи првите чекори да го носи неговот име. Како симбол на цела генерација која одбележа една ера во македонскиот фудбал, сметаме дека преименувањето на стадионот е само мал чекор како на младите да им порачаме да го следат неговиот развоен фудбалски пат. Иницијатива за именување на стадионот по нашиот Петар постои индивидуално, меѓу навивачите, по социјалните мрежи, но овојпат сакаме како ветерани и пријатели на Петар и неговото семејство да предложиме официјално преименување на стадионот во Битола“, стои во барањето.

Се вчитува...