Инсајдерски приказни за Меси од Париз: Си заминуваше од тренинг кога сакаше, бараше да не тренирал наутро, но…

Лионел Меси неславно ја заврши својата епизода во ПСЖ заминувајќи со свирежи на последниот натпревар од клубот.

Навивачите не му ја простија тоталната незаинтересираност за клубот, за грбот, честите отсуства поради лични маркетиншки цели, а сигурно веќе знаат и за некои негови барања за кои зборуваше и поранешниот фудбалер на ПСЖ, Жером Ротен.

„Меси често бараше само да се задоволуваат неговите услови. Се сеќавате на денот кога го напушти тренингот? Во клубот сакаа тоа да го заташкаат па кажаа дека е поради повреда, но тоа беше лага. Причина беше тоа што не му се допаѓаше како се работи на тренингот, па се налути и онака ладнокрвно си замина. Се сврте и си отиде во соблекувалната па дома. Тој потег само кажува колку ги почитувал своите соиграчи и тренер“ – рече Ротен.

Но, Меси имал и уште некои барања кои на другите играчи не им паѓале на памет. На пример – да не тренира наутро.

„Бараше тренинзите да не бидат претпладне, туку покасно. Не сакаше да тренира наутро. Постојано му се жалел на стручниот штаб дека тренинзите наутро не се добри и мора да бидат само попладне. Но, луѓето од стручниот штаб, на среќа, не го послушаа. Тоа е доказ дека сака во клубовите да ги поставува нештата само по своја волја и не сака воопшто да се прилагодува“ – дополнува Ротен.

Се вчитува...