Инсиње бара Наполи повеќе да вложува во екипата

Лоренцо Инсиње барал од претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис да ганратира дека ќе инвестира во клубот, и дека ќе има големи амбиции, за да го продолжи договорот.

Засега Инсиње не ја продолжува соработката, која му истекува во јуни 2022 година. Преговорите за нов договор наидоа на проблеми, а беа одложувани од клубот.

Инсиње веќе ја подготовил својата листа на барања. Прашањето не е само за платата, туку дека Наполи ќе биде амбициозен и конкурентен, односно бара тимот да биде се посилен.

Наполи одлично ја почна сезоната и моментно го дели првото место на табелата со Милан, но останува да се види дали Инсиње и соиграчите оваа сезона конечно ќе издржат до крај во трката за скудетото и ќе се закитат со шампионскиот трофеј.

Се вчитува...