Инсиње: Можеме само да им се извиниме на навивачите

Наполи игра премногу променливо во текот на целата сезона, а по вчерашниот пораз од Рома тимот на Елиф Елмас уште повеќе ја продлабочи кризата во која се наоѓа. Капитенот Лоренцо Инсиње не го криеше разочарувањето по резултатот во Рим, извинувајќи им се на навивачите за најновото очајно издание на својот тим.

„Можеме само да им се извиниме на навивачите. Знаеме дека можеме многу подобро од ова, но случувањата од финишот против Аталанта оставија траг врз нашата игра. Немавме ниту среќа, два пати стрелавме во рамките од голот на Рома. Многу е важно да останеме мирни, да продолжиме да работиме под водство на тренерот и заеднички да најдеме излез од кризата“ – истакна Инсиње.

Наполи во следниот меч од Лигата на шампионите ќе го пречека Салцбург, по што во наредното коло од „Серија А“ ќе ја пречека Џенова.

Се вчитува...