Инсиње одговори на провокациите: Не е колку си висок, туку колку си голем

Еден од најдобрите фудбалери на Наполи, Лоренцо Инсиње веќе некое време доживува помалку досадни и плитки провокации од противниците и пред да почнат дуелите. Нискиот мајстор од „Сан Паоло“, висок само 165 сантиметри, често е мета за потсмев, па ривалите често му доделуваат дечиња кои се речиси еднакво високи како и тој, а со нив мора да излезе на терен на натпреварите.

Како во модерниот фудбал секоја провокација станува сосема нормална така и Инсиње е присилен да ги трпи подмолните „местенки“. Но, на „Сан Сиро“ покажа дека знае да се носи со сето тоа… Две подеднакво високи дечиња излегоа на терен заедно со него, а тој ги прегрна и со насмевка и покажа дека провокациите не ги погодуваат премногу.

Шампион каков е репрезентативецот на Италија и овој пат реагираше спортски и џентламенски, иако социјалните мрежи по којзнае кој пат се запалија од потсмев…

Се вчитува...