Инсиње се пакува – Наполи ја одреди цената

Лоренцо Инсиње е еден од првите што ќе си заминат од Наполи по големиот конфликт на клучните фудбалери со претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис. Последните информации од Неапол велат дека управата на „наполитанците“ веќе ја одредила и цената за голгетерот, кој ќе биде достапен „со попуст“.

Капитенот на Наполи во текот на сезоната имаше неколку конфликти со Карло Анчелоти, при што Де Лаурентис застана на страна на тренерот. Нивниот однос дополнително се влоши откако Инсиње беше еден од лидерите на бунтот по ремито со Салцбург, кога фудбалерите не ја почитуваа наредбата на претседателот наредната ноќ да ја минат во тренинг-базата.

Претседателот е решен да направи целосен ремонт во играчкиот кадар, а Инсиње ќе биде еден од првите кои ќе си заминат, заедно со Мертенс и со Калјехон, чии договори истекуваат на крајот од сезонава. Наполи ќе бара 40 милиони евра, значително намалување со оглед на фактот дека во претходните две години Де Лаурентис одбиваше по 60 милиони евра од англиски премиерлигаши за овој фудбалер.

Се вчитува...