Инсиње се враќа во Италија, но не во Наполи?

Италијанскиот фудбалер Лоренцо Инсиње би можел да се врати во итлијанскиот фудбал по само година и пол помината во Торонто, пренесуваат италијанските медиуми. Напаѓачот не е задоволен од животот во Канада и сака што поскоро да се врати во татковината.

Инсиње премина во Торонто како слободен играч во 2022 година, а основниот мотив за тоа беа финансиите со оглед на платата од седум милиони евра по сезона.

Искусниот 32-годишник е дете на Наполи за кој настапуваше и во периодот помеѓу 2010 и 2022 година настапувајќи на 434 натпревари и притоа постигнувајќи 122 голови, но со оглед на конкуренцијата во Неапол, мала е веројатноста дека ќе се врати на добро познатото место, и голема е веројатноста дека ќе се пресели во Лацио.

Се вчитува...