Интензивни подготовки за Супер-купот на Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската Федерација на Македонија ги интензивира работите околу подготовките за Супер-купот на Европа што ќе се игра на Националната арена во Скопје.

Како што информираат од ФФМ, оваа недела во посета на нашиот главен град е бројна работна делегација на УЕФА. Активностите за реконструкција на просториите на северната трибина (Прес центар, простории за медиуми, позиции за ТВ камери, ВИП ресторани, канцеларии, паркинг зони) и доизградба на фазадното обликување веќе се во завршна фаза, а гостите од УЕФА се исклучително задоволни од сработеното во однос на минатата посета.

ФФМ направи големи напори за да можеме да бидеме задоволни од сработеното во оваа фаза на подготовки за Супер Куп натпреварот. Направени се големи зафати на стадионот, северната трибина ќе биде многу функционална за сите посетители, вклучувајќи го организаторот, носителот на ТВ правата, медиумите и општо гледачите“ – велат од УЕФА.

Најголемиот спортски настан во Македонија ќе се одигра на 8. август. За Супер Куп трофејот ќе се борат победникот во Лигата на Шампионите и најдобриот клуб во Лига на Европа.

superkup1 superkup2 superkup3 superkup4 superkup5

Се вчитува...