Интер без двајца дефанзивци против Лацио

Интер се соочува со нови проблеми по двата последователни порази од Удинезе и Сасуоло, „нероаѕурите“ ќе бидат без дефанзивците Данило Дамброзио и Жоао Миранда во саботната пресметка со Лацио. Фудбалерите ќе бидат вон строј поради повреди кои ги добија на мечот со Сасуоло, и двајцата во растојание од три минути принундно го напуштија теренот.

„Данило Дамброзио и Жоао Миранда нема да бидат на располагање на тренерот Спалети за мечот од следното коло во Серија А против Лацио. По медицинските прегледи потврдено е дека Дамброзио се здоби со повреда на лигаментите од левото колено, додека Миранда има проблеми со листот десната нога. И двајцата утре ќе започнат со рехабилитација“, стои во соопштението на клубот.

Интер моментално е на третата позиција во Серија А, заостанува пет бода зад првопласираните Наполи. Знаејќи дека нема да играат со Лацио, Интер без овие двајца играчи ќе мора да бара победа против Милан во среда, натпревар кој се игра во рамките од четвртфиналната фаза во италијанскиот куп.

Се вчитува...