Интер без Икарди го пречекува Кротоне

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди ќе го пропушти натпреварот против Кротоне во рамките од 23. коло во Серија А. Неговиот тренер, Лучијано Спалети потврди дека Аргентинецот се здоби со мала повреда на бутниот мускул и нема да биде во комбинација за настап, со цел да се избегнат дополнителни проглеми.

„Икарди не е повикан за оваа средба бидејќи има проблеми со бутниот мускул. Со медицинскиот тим одлучивме да не го ставаме на ризик и затоа утре ќе биде одмора“, истакна Спалети.

24-годишниот напаѓач во досегашниот дел од првенството постигна 18 погодоци за „нероаѕурите“, но неговиот тим веќе пет меча не знае за триумф, а со тоа падна и неговата голгетерска форма.

Се вчитува...