Италијанскиот калчолигаш Интер ќе биде без услугите на капитенот Мауро Икарди и на утрешниот меч од Серија А против Болоња. „Нероаѕурите“ се во слободен пад на формата, долг период се без победа, а и утре ќе имаат потешка задача на „Џузепе Меаца“ бидејќи ќе играат без најдобриот напаѓач, кој се уште е повреден.
Икарди во зимскиот преоден рок се најавуваше како можно засилување на Реал Мадрид, но Интер сепак одби да го продаде. Тој го очекува својот стоти гол во Серија А, но очигледно дека тоа нема да се случи на утрешниот натпревар против Болоња. Оваа сезона, Икарди постигна 18 гола на 22 натпревари во дресот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА