Интер без мака до три бода против Калјари

Новата мини-криза во Интер заврши откако „нероаѕурите“ ја прекинаа серијата од три натпревари без победа, вечерва триумфирајќи над Калјари со 4-0.

Се беше многу полесно откако Кансело веќе во третата минута го отвори резултатот на „Џузепе Меаца“, по што избраниците на Спалети лесно ја контролираа играта. Сите дилеми околу победникот ги разреши Икарди со гол на стартот од второто полувреме, пред конечните 4-0 со убави голови да ги постават хрватските репрезентативци Брозовиќ и Перишиќ.

Се вчитува...