Интер без Павар до крајот на годинава

Дефанзивецот на Интер, Бенџамин Павар најверојатно ќе биде надвор од терените од 6 до 8 недели, откако од клубот потврдија дека тој заработил повреда на левото колено.

Францускиот репрезентативец беше денеска на прегледи откако на натпреварот со Аталанта (2-1) беше изнесен на теренот на носилки. Клубот потврди дека има повреда на коленото.

Добрата вест за Павар е дека тој нема да биде подложен на операција, но треба да мирува 3-4 седмици, а потоа ќе почне со процес да се враќа на теренот со полесни тренинзи.

Така се очекува да не игра за „нероазурите“ до крајот на годината, односно да биде на располагање на теренерот Симоне Инзаги дури следната 2024 година.

Се вчитува...