Интер се повеќе го губи здивот во трката за скудетото во Серија А откако тимот на Лучијано Спалети вечерва ремизираше 0-0 против Лацио, четврти меч во низа на кој „нероаѕурите“ не ги израдуваа своите навивачи.
Кризата во Интер е очигледна, и покрај обидите да се стигне до цел плен домашниот тим во голем дел од мечот делуваше конфузно, па дури и може да биде среќен што освои еден бод, со оглед на фактот дека најубавите шанси ги имаа гостите од Рим, а не ги искористија Пароло и Имобиле.
„Лацијалите“ имаат за што да жалат ако се знае дека судијата Роки досуди пенал во нивна корист поради играње со рака на Шкрињар, но потоа истиот го поништи по прегледување на снимката, со образложение дека играњето не било намерно, а топката одбиена од ногата на Шкрињар потоа завршила во неговата рака.
Интер по ова реми има 41 бод и сега заостанува огромни седум бода зад лидерот Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА