Интер добива катарски газди?

Интер бележи одлични резултати и на стартот од новата сезона, но тоа не го менува фактот дека кинеските сопственици на клубот се соочуваат со сериозни финансиски проблеми. И додека Стивен Жанг повторува дека нема намера да го продаде клубот, зголемените долгови значат дека кинескиот милијардер сериозно ќе размисли доколку добие интересна понуда.

А според последните информации, сериозен интерес за преземање на контролата над актуелниот европски вицешампион покажува Катарскиот Емир Јасим бан Хамад Ал Тани. Станува човек за финансиски моќник кој во последните месеци беше сериозно поврзуван со купување на Манчестер Јунајтед, но откако ја загуби таа трка сега вниманието го насочи кон италијанскиот гигант.

Ал Тани верува во потенцијалот на „нероаѕурите“ и е убеден дека со неколку скапи засилувања овој тим не само што ќе доминира во италијанскиот фудбал, туку и ќе се вмеша во битките за трофејот во Лигата на Шампионите. Финансиските детали од понудата што ја подготвува не се обелоденуваат во јавноста, но Катарците се оптимисти дека ќе успеат да се договорат со Жанг за во текот на 2024 година да го преземат раководењето со Интер.

Семејството Жанг има рок до 24 мај да врати 350 милиони евра какo дел од кредитите земени за време на пандемијата од коронавирусот, што само ја зголемува веројатноста дека Кинезите ќе го продадат Интер за да ја покријат оваа огромна сума.

Се вчитува...