Интер договори продажба на Икарди, тој не сака ни да слушне

Интер веќе ја договори продажбата на Мауро Икарди. По доаѓањето на Алексис Санчез од Манчестер јунајтед, аргентинскиот напаѓач ја загуби и последната надеж дека ќе се најде во ростерот за натпревари сезонава.

Но, и покрај намерите на Интер, тој не сака ниту да слушне за заминување од клубот. „Нераѕурите“ имаа договорено се за преселба во Монако, но Икарди и неговата сопруга Ванда Нара го одбија тоа.

Шпанските медиуми сега пишуваат дека до крајот на преодниот рок (2. септември) Икарди најверојатно ќе се пресели во Атлетико Мадрид. Тимот од Мадрид преговорите ќе ги засили за време на викендот како во понеделник би го завршиле трансферот и би добиле големо засилување во нападот.

Се вчитува...