Интер е на чекор до освојвуање на титулата во Серија А, тимот на Конте го совлада Кортоне

Кортоне вечерва беше домаќин на лидерот во Серија А, Интер, а тимот од Милано успеа да обезбеди победа од 0-2 и на тој начин дојде до нови три бода.

Првото полувреме припадна во целосна доминација на Интер, фудбалерите на Конте имаа целосна доминација и контрола над натпреварот, но не успаја да постигнат гол, па првото полуверме заврши со почетниот резултат 0-0.

Домаќините и во второто полуверме успеваа да бидат цврсти и да имаат одлична одбрана, но упорноста на Интер се исплати, па во 69-та минута Кристијан Ериксен постигна гол и успеа да донесе значајна предност за  неговиот тим, а победата на крај ја потврди Ахраф Хакими постигнувајќи гол во последната минута од продолжението на натпреварот.

Интер со оваа победа дојде до нови три бода и сега има вкупно 82 поени како лидер во Серија А на четири натпревари пред крајот на сезоната, па овој трумф ги доближи фудбалерите на Конте до посакуваната титула во Италија .

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

<div style=”width:100%;height:0px;position:relative;padding-bottom:56.327%;”><iframe src=”https://streamja.com/embed/dmPQv” frameborder=”0″ width=”100%” height=”100%” allowfullscreen style=”width:100%;height:100%;position:absolute;”></iframe></div>

Се вчитува...