Интер е незапирлив – Лукаку донесе триумф во Болоња

Интер се уште е единствениот тим со максимален ефект на гостински терен во „Серија А“ откако „нероаѕурите“ славеа со 1-2 во Болоња.

Трите бода се уште позначајни ако се знае дека избраниците на Антонио Конте се најдоа во негатива по голот на Соријано во второто полувреме, но сепак најдоа сили за пресврт. Човек на одлука беше Ромелу Лукаку, кој најпрвин израмни на 1-1, а потоа и од пенал ги постави конечните 1-2 откако Лаутаро Мартинез беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник во 90. минута.

Интер со оваа победа се искачи на првото место со два бода предност во однос на Јувентус, во пресрет на градското дерби што „старата дама“ вечерва го игра против Торино.

Се вчитува...