Интер е во хаос – Играчите без две плати, Конте е бесен…

Интер по повеќе од една деценија стигна до шампионското скудето, но наместо еуфорија и најава за уште поголеми успеси во клубот од „Џузепе Меаца“ владее хаос. Причина за финансиските проблеми на кинеските газди, кои во текот на сезоната им должеа по неколку плати на фудбалерите, а состојбата во меѓувреме не беше средена онака како што посакуваа „нероаѕурите“.

Италијанските медиуми информираат дека претседателот Стивен Жанг денеска имал средба со сите фудбалери, на која побарал тие да се откажат од двете плати што клубот им ги должи. Играчите најпрвин протестирале, но на крајот се согласиле на ваков начин да му помогнат на клубот во услови на голема финансиска криза. Сепак, тие барале гаранции дека Антонио Конте ќе остане на чело на екипата и за наредната сезона, што е потежок дел од задачата за челниците на Интер.

Конте важи за темпераментен стратег што си замина пред почеток на сезона со шампионски тим на Јувентус поради неисполнети ветувања на управата, па сега лесно може да се случи тој од истата причина да го напушти и Интер.

Се вчитува...