Интер ги договори и Мкхтаријан и Онана

Италијанскиот прволигаш Интер, го потврди потписот со голманот на Ајакс, Андреј Онана како и фудбалерот на Рома, Хенрик Мкхтаријан. Откако во своите редови „нероаѕурите“ го вратија Ромелу Лукаку, тимот од „Џузепе Меаца“ денеска промовираше уште две имиња.

Андреј Онана доаѓа од Ајакс каде беше стандарден, додека Ерменецот во Рома одигра преку 100 натпревари, а минатата сезона под водство на Жозе Мурињо успеа да стигне и до трофејот во Конференциската лига.

 

Се вчитува...