Италијанскиот калчолигаш Интер ја заокружи зделката со ангажманот на Ромелу Лукаку, а спортскиот директор Пепе Марота не мирува и тргнува во нова акција. Следната цел е продажбата на Мауро Икарди и на Иван Перишиќ, фудбалерите кои според проценките на тренерот Антониот Конте не се вклопуваат во неговите планови, а мисија ќе биде купувањето на Сергеј Милинковиќ – Савиќ.
Србинот не замина во Манчестер Јунајтед, се споменува дека и Пари Сен Жермен е заинтересиран за него, но Интер ќе тргне во конкретна офанзива за неговиот потпис. За него се подготвени 75 милиони евра, а поголемиот дел треба да се обезбедат од продажбата на Икарди и на Перишиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА