Италијанскиот калчолигаш Интер даде одговор на понудата на Барселона за аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез. „Нероаѕурите“ се согласни да го продадат напаѓачот на „Камп Ноу“, но само доколку го добијат Антоан Гризман на позајмица за следната сезона. Покрај тоа, Интер го сака и Артуро Видал како дел од пакетот во кој би добил и 90 милиони евра за Лаутаро Мартинез.
Аргентинецот има отштетна клаузула од 110 милиони евра, но само доколку биде активирана во првиот месец од летниот преоден рок. Со оглед на вакуумот што го создаде пандемијата на коронавирусот во светскиот фудбал, речиси е невозможно да се предвиди кога и дали воопшто ќе бидат завршени сезоните во Италија и во Шпанија. Барселона инсистира да го купи Лаутаро Мартинез, но и Интер сака да профитира најдобро што може од оваа зделка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА