Интер го чува Мауро Икарди со 7 милиони евра по сезона до 2023 година

Италијанскиот калчолигаш Интер подготвува нов договор за капитенот Мауро Икарди кој игра во одлична форма оваа сезона во дресот на „нероаѕурите“. Раководството на клубот ќе му понуди зголемување на годишната плата која ќе изнесува 7 милиони евра, а договорот ќе има важност до 2023 година. Интер ќе се обезбеди и со голема отштетна клаузула од 130 милиони евра.

Мауро Икарди постигна 17 гола на 17 натпревари во Серија А оваа сезона, што секако го следат Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, и двата гиганти од Манчестер. Но, Интер верува дека Икарди ќе потпише нов договор со клубот и ќе остане на „Џузепе Меаца“ уште шест сезони.

Се вчитува...