Интер го декласира Шахтјор и ќе ја предизвика Севилја во финалето на Лига Европа

Интер доминантно се пласира во финалето на Лигата на Европа откако во полуфиналната пресметка го совлада Шахтјор Доњецк со 5-0. Во големото финале в петок ќе ја предизвика Севилја, која е петкратен освојувач на трофејот во ова натпреварување.

Тимот на Антонио Конте покажа класа и одлична реализација на шансите. Првиот гол во 19.минута беше ремек-дело на Лаутаро Мартинез кој со удар со глава ја реализираше шансата што ја подготви Николо Барела.

На стартот на вториот дел Мораеш имаше можност за израмнување, но не успеа, а потоа Д’Амбросио зголеми на 2-0 со одличен удар со глава по корнерот од десната страна. Лаутаро Мартинез во 74.минута зголеми на 3-0, а потоа на сцена стапи Ромелу Лукаку кој постигна два гола за конечни 5-0. Белгиецот ја продолжи неверојатната серија да постигнува најмалку еден гол на последните десет меча во Лигата на Европа.

Интер и Севилја в петок ќе ги одмерат силите во финалето на Лигата на Европа.

Се вчитува...