Интер го купува „новиот Пирло“

Италијанскиот калчолигаш Интер сака да го има во своите редови Сандро Тонали, играчот од средниот ред на Бреша, кој според стилот на игра веќе го доби прекарот „новиот Пирло“. Раководството на „нероаѕурите“ посакува да го доведе веќе во јануари на „Џузепе Меаца“ и испрати понуда вредна 15 милиони евра за 18-годишниот играч за врска.

Сепак, второлигашот Бреша нема така лесно да се откаже од својот најдобар фудбалер кој е и италијански репрезентативец. Претседателот на клубот најави дека на заинтересираните клубови ќе им бидат потребни најмалку 25 милиони евра доколку сакаат да го добијат Тонали. Оваа сезона, тој одигра 11 натпревари во Серија Б за тимот на Бреша и постигна еден гол.

Се вчитува...