Интер го нанижа и Лацио, Наполи загуби дома од Калјари

Интер продолжува со максимален ефект во Серија А. По пет натпревари има 15 бода, откако петтата победа ја оствари над Лацио на „Џузепе Меаца“ совладувајќи го римскиот состав со 1-0. Данило Д’Амбросио беше стрелец на победничкиот гол за тимот на Антонио Конте кој го чува на врвот на табелата.

Наполи доживеа шок на домашен терен и загуби од Калјари со 0-1. Елиф Елмас не беше во тимот, доби одмор и остана на клупата за резерви, а Лукас Кастро постигна гол за Калјари во 88.минута.

Фиорентина стигна до првата победа откако го доби дуелот против Сампдорија со 2-1. Пецела и Киеза беа стрелци за домашниот тим. Џенова одигра без голови пред своите симпатизери, а Горан Пандев остана на клупата за резерви.

Се вчитува...